Мареј ќе биде дел од хуманитарен турнир

0

Шкотскиот тенисер, Енди Мареј, по седум месеци пауза конечно ќе се појави на теренот. Тој денеска ќе го одигра мечот против Лиам Брејди во рамките на турнирот  -„Battle of the Brits“.

33-годишниот ветеран нема настап од изминатиот ноември кога се појави на завршниот дел од Дејвис Купот а потоа мораше да оди на операција.

Мареј вечер од 18.30 ќе биде дел од  добротворниот настан организиран од неговиот брат Џејми. Истиот ќе се одигра зад затворени врати во Националниот тениски центар во Рохамптон.

Share.

Leave A Reply