Британскиот тенисер, Енди Мареј, кој по операцијата на колкот планираше да игра за последен пат во професионалните води на претстојниот Грен Слем на терените на „Вимблдон“, не е сигурен дека ќе му се оствари планот.
„Денеска, прв пат отидов да тренирам на отворено, претходно цело време бев во сала. Веројатноста дека ќе настапам на Вимблдон во сингл е сведена на минимум. Во двојки можеби ќе пријавам настап и со тоа најверојатно ќе ја завршам кариерата“ – вели двократниот освојувач на Отвореното тениско првенство на Англија.
Енди Мареј кој последниот меч го реализираше на 14 јануари на терените во Мелбурн, се наоѓа на 218. место на АТП-листата.