Мареј: младите тенисери не се наметнаа

0

Британецот, Енди Мареј, не е изненаден што Новак Џоковиќ лесно ја освои деветтата титула на Австралија опен. Според него, помладите тенисери не се доближиле до „големата тројка“.

„Очекував финалето да биде поконкурентно иако знам колку е добар Новак кога е мотивиран. Страшно е тоа што помладите момчиња не покажаа дека се доближуваат до првите тројца на светов “ – потенцираше Мареј.

33-годишниот Британец кој има три Грен слем титули, додаде дека не го гледал поголемиот дел од турнирот во Мелбурн бидејќи бил разочаран што не играл.

Share.

Leave A Reply