Мареј одговори на предизвикот, колку ќе погоди?

0

Некогашниот најдобар тенисер на светов, Енди Мареј, беше предизвикан од еден од неговите спонзори – „Стандард Инвестмент“ да направи предвидувања за одредени спортски натпревари во текот на годината.

Едно од прашањата било поврзано токму со тенисот и турнирот на терените на „Вимблдон“. Одговорот на Шкотланѓанецот бил дека таму кај жените ќе победи Серена Вилијамс.што се однесува до другите прогнози, Мареј вели дека Бразил ќе ја освои титулата на фудбалскиот Мундијал во Русија додека екипите на Голден Стејт Вориорс и на Кливленд Кавалирс ќе играат во големото финале во кошаркарската НБА лига.

Шкотланѓанецот очекува Манчестер Сити да биде шампион во Премиер лигата додека фудбалерите на Хартс да го освојат трофејот во шампионатот на Шкотска.

Share.

Leave A Reply