Мареј по втор пат го оперираше колкот

0

Трикратниот освојувач на тениските Грен Слем турнири, Енди Мареј, мораше повторно да направи операција на колкот. 31 – годишниот Британец се определи на таков чекор иако лекарите му потенцираа дека нема да има подобрување по неговата здравствена состојба.

„Имам метал во колкот. Се чувствувам како некој да ме тепал, но, се надевам дека ќе ми заврши болката“ – напиша Мареј на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Мареј бидејќи ќе мора да се рехабилитира подолг период, нема да се појави на турнирите во Марсеј, Монтреал и Дубаи.

Share.

Leave A Reply