Мариќ е ново засилување за Металург

0

Еден од најперспективните млади хрватски ракометари, Маријан Мариќ, го стави својот потпис на договорот со Металург.

Маријан (23 г., 193 см., 91 кг.) е брат на познатиот хрватски репрезентативец Марино Мариќ, а во Металург доаѓа од екипата на Зрински од Мостар (БиХ). Маријан Мариќ игра на позиција лев бек.

Маријан со Металург потпиша двегодишен договор и е четвртото засилувања за тимот од Автокоманда, по Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ и Реваз Чантурија.

Share.

Leave A Reply