Марин, Бурга и Анхел ги очекува судење во САД

0

Тројца поранешни фудбалски функционери од Јужна Америка ќе заминат во Њујорк. Таму, Хосе Марија Марин, Мануел Бурга и Хуан Анхел, ќе бидат изведени пред судот во врска со корупцискиот скандал кој го потресе светскиот фудбал во 2015-та година и донесе крајот за ерата на Сеп Блатер на чело на ФИФА.

Тројцата се изјаснија како невини по обвиненијата за рекетирање, измама, перење пари и правење фиктивни зделки кои довеле до нивна лична заработка. Нивните адвокати ги дефинираат доказите како слаби и погрешни.Уште најмалку  40 лица кои се изјаснија како виновни, потврдија, дека биле учесници во корупциската шема која била активна речиси 24 години и им донела на приватните сметки околу 150 милиони долари.

Парите се поврзуваат со продажбата на телевизиските права и кандидатурите за домаќинства на првенствата под капата на ФИФА.

Share.

Leave A Reply