Марио Гомез најави крај на фудбалската кариера

0

Поранешниот германски репрезентативец Марио Гомез призна дека планира да ја заврши кариерата како фудбалер. Напаѓачот му помогна на Штутгарт да се врати во Бундеслигата, и покрај поразот со 1:3 од Дармштат во последното коло. Штутгарт го обезбеди второто место во Втората Бундес лига, откако Хајденхајм загуби со 0:3 од Арминија Билефилд. 34-годишниот ветеран ја заврши сезоната со 7 гола на 24 одиграни натпревари.

„Мојата главна цел беше да ја завршам кариерата тука како играч во Првата Бундес лига. На почетокот на сезоната бев сигурен дека ќе се вратиме во елитата. Затоа, решив дека ова ќе биде мојата последна година како играч во Штутгарт, во Германија и можеби како фудбалер воопшто“, рече Гомез.

Ова беше втор период на Гомез на „Мерцедес Бенц Арената“ по враќањето во клубот во 2018 година. Таму ја започна својата кариера од 2003 до 2009 година, а потоа играше за Баерн и Фиорентина, Бешикташ и Волфсбург, пред да се врати во неговиот омилен клуб. Гомез исто така има 78 натпревари и 31 погодок за германската репрезентација, играјќи на два светски и три европски првенства.

Share.

Leave A Reply