Марк : добро е што не ми се исполни желбата

0

Шпанецот, Марк Гасол, ја забележа најуспешната сезона во кариерата откако стана шампион во НБА со тимот на Торонто Рапторс.

Тој во интервју за Агенцијата на новинари во Европа, обелодени дека не сакал да го напушти претходниот тим – Мемфис Гризлис, но, дека е сега благодарен што неговата желба била игнорирана.

„Има само неколку играчи во историјата на НБА кои настапувале во само еден тим во текот на нивната кариера. Ако се зависеше од мене јас немаше да направам трансфер бидејќи верував во успех со Мемфис. Сега, можам да кажам дека сум му исклучително благодарен на раководството на „Гризли“ што не ми ја исполни желбата и што ме продаде“ – вели Гасол.

Share.

Leave A Reply