Марк Меркез победи и во Јапонија

0

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез продолжува со своите победи и рушење на рекорди во Светскиот шампионат во МотоГП или „кралска класа“, како што го нарекуваат ова натпреварување.

Иако пред две недели ја обезбеди осмата шампионска титула, победи и утрово на трката за Големата награда на Јапонија. Ова е четврта победа по ред за Марк Маркез, десетта оваа сезона и сега пред него се сега само рекорди кои треба да ги надмине.

Маркез на патеката „Мотеги“ низ целта помина пред својот сонародник Фабио Квартаро и Италијанецот Андреа Довициозо. За возачот на Хонда оваa победа значи и соборување на еден легендарен рекорд. Ова беше негова 54-та победа во „кралската“ класа, Маркез се израмни со Мик Дуан на вечната листа според бројот на победите.

Валентино Роси е рекордер со 89, додека Џакомо Агистини со 68 победии е на второто место. За две недели се вози и следната трка од шампионатот за ГН на Австралија.

Share.

Leave A Reply