„Марка“ најавува дека Роналдо нема да игра во Скопје

0

Суперѕвездата на РеалМадрид Кристијано Роналдо нема да биде дел од својата екипа за Суперкупот на Европа на 8 август, објави весникот „Марка”.

Кралскиот клуб ќе се сретне со Манчестер Јунајтед во атрактивен дуел во Скопје,но како што се вели во информацијата на„Марка“ тој нема да биде во составот на Реал за оваа средба.

Ова значи дека фановите кои ќе дојдат во Скопје, но и нашите љубители на фудбалот најверојатно нема да го видат Роналдо на теренот во Скопје. Тој планира да започне подоцна со подготовките поради учеството со националниот тим на Купот на конфедерациите.

Тренерот Зинедин Зидан е категоричен во желбата неговиот лидер да одмара еден месец, па според планот Роналдо би требало да почне самостојна подготовка на 1 август, а со тимот ќе тренира, кога тој се врати од турнејата во САД. Самиот Кристијано сепак сака да земе учество во првиот натпревар против Барселона за Суперкупот на Шпанија на 13 август, но тешко дека ќе биде на теренот цело време.

 

Share.

Leave A Reply