Маркез е успешно опериран

0

Актуелниот шампион во Мото Гран При конкуренцијата во најсилната класа, Марк Маркез, денеска бил успешно опериран во Барселона.

Шесткратниот светски првак во „кралската класа“ кој е член на Репсол Хонда, доживеа тешка несреќа на првата сезонска трка која се возеше во неделата во Херез. Тој во еден миг ја загуби контролата врз моторот и излета од патеката.  Подоцна беше утврдено дека Маркез ја скрши десната рака и дека мора да му биде извршен хируршки зафат.

По денешната информација,  луѓето од Репсол Хонда се оптимисти дека Маркез ќе може да вози на 9 август на патеката во Брно за Големата награда на Чешка. Додека трае рехабилитацијата на Маркез, во тимот ќе биде само младиот Алекс.

 

Share.

Leave A Reply