Маркез имаше одличен втор тренинг

0

Лидерот во генералниот пласман во „MotoGP“, Марк Маркес, беше најбрз на вториот тренинг кој е реализиран како загревање за главниот настан во текот на викендот во шпанската област Арагон.

Членот на Сузуки, Андреа Јахоне, имаше одлично возење и остана на челното место речиси до крајот на тренингот. Тогаш  Андреа Довициозо, кој беше најбрз на првиот тренинг, стави нови гуми и успеа да го потисне Јахоне на второто место.

Сепак до крајот на сесијата, практично во завршните кругови, Маркез и Лоренцо се пробија пред Довициозо. Возачите на „Јамаха“, исто така влегоа во топ 10. Валентино Роси се избори за деветтот а Винјалес заврши на десетото место.

Share.

Leave A Reply