Маркез победи, а Роси излета од патеката во Сепанг

0

Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез е старо-нов светски шампион во Мото ГП, а тој беше победник и на трката за Големата награда на Малезија која се возеше на патеката во Сепанг.

Овој триумф е деветти сезонава за Шпанецот, а вкупно 70-ти во неговата кариерата. Валентино Роси беше во предност и водеше од самиот почеток на трката, но на три круга пред крајот излета од патеката, а то аго искористи Маркез кој изби на водечката позивија и ја задржа до финишот на трката. На второто место се пласираше Алекс Ринс, а третото место му припадна на Жоан Зарко.

Последната трка од светскиот шампионат во Мото ГП сезонава ќе биде за 14 дена, а ќе се вози во Шпанија. Останува да се добие одговор на прашањето кој ќе биде второпласиран, а кој ќе заврши како трет во генералниот пласман на Светскиот шампионат во Мото ГП.

Share.

Leave A Reply