Маркез се „прошета“ на патеката во Барселона

0

Марк Маркез успеа да победи на трката за ГН на Каталуња откако максимално го искористи подарокот од неговиот клупски колега, Хорехе Лоренцо, кој направи хаос уште на стартот на патеката и ги елиминира тројцата главни ривали на Маркез.

Инцидентот уште во првиот свиок  значеше крај на трката за Андреа Довициозо, Маверик Вињалес и Валентино Роси по што Маркез заврши убедливо на првото место пред Квартараро и Петручи. Лоренцо веднаш по трката им се извини на сите инволвирани во инцидентот.

„Единствена среќна околност е тоа што сите возачи помина без последици. Жалам за сите тројца возачи кои беа зафатени во овој инцидент. Станува збор за свиок кој е многу непријатен и во кој лесно може да ја загубите контролата.Токму тоа се случи денеска“ – изјави Лоренцо.

 

Share.

Leave A Reply