Маркез „за влакно“ го победи Довициозо

0

Шпанскиот возач во Мото Гран При шампионатот, Марк Маркез, ја доби жестоката битка до самиот крај со Андреа Довициозо и се израдува на победничкиот пехар во Тајланд.

Победникот не се знаеше се до последните метри на патеката во Буринам, но, на крајот возачот на Хонда успеа да го надмудри неговиот противник со моторот на Дукати. Маверик Вињалес кој вози Јамаха се искачи на третото место на подиумот додека неговиот колега, Валентино Роси, стигна до четвртото .

Во генералниот пласман, Маркез е лидер со 271 бод пред Довициозо, кој има194 и Валентино Роси кој досега собра 172 бода. Наредната трка во Мото-конкуренцијата ќе биде на патеката „Твин Ринг Мотеги“ за Големата награда на Јапонија.

Share.

Leave A Reply