Маркионе се обидува да ретерира во изјавите

0

Серхио Маркионе инсистира дека никогаш не рекол дека Ферари ќе ја напушти Формула 1 на крајот на 2020 година ако не биде задоволен како се развива спортот. Минатата година, шефот на „Скудерија“ даде изјава што беше толкувана како закана дека тимот ќе замине во 2020 година ако правилата не престанат да се менуваат.

„Никогаш не сум кажал дека Ферари ќе ја напушти Формула 1 до крајот на 2020 година. Тоа ќе го направиме само ако не најдеме заеднички јазик и не ги решиме пробелмите” – потенцираше Италијанецот со напомена дека Ферари е долго време во Формула 1 и дека многу добро ги разбира сите збиднувања.

„Тешко е да се замисли Формула 1 без Ферари, се надевам дека преку дијалог со Либерти Медиа ќе најдеме решение на проблемите. Ако тоа сепак не се случи, навреме ќе ја дознаете нашата одлука“ – потенцираше Маркионе.

Share.

Leave A Reply