Марко Ројс го надмина Левандовски и стана најдобар стрелец на Борусија во ЛШ

0

Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити беше домаќин на Борусија Дортмунд. Средбата се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер (Англија) и заврши со победа на домаќините од 2:1.

Како што објавија денес медиумите, 31-годишниот германски напаѓач Марко Ројс, кој постигна гол против Манчестер Сити, стана најдобар стрелец на Борусија Дортмунд во историјата на Лигата на шампионите, оставајќи го зад себе Роберт Левандовски, кој сега игра за Баерн Минхен.

Марко Ројс постигна 18 голови во ова натпреварување за Борусија, додека Левандовски имаше постигнато 17 гола. Оваа сезона, Ројс учествуваше на 39 средби за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања, на кои има постигнато пет гола и 11 асистенции.

Share.

Leave A Reply