Марко Вујин ново засилување за Вардар

0

Европскиот ракометен шампион Вардар полека го склопува играчкиот кадар за претстојната сезона. Најновото име во ростерот на „црвено-црните“ ќе биде искусниот десен бек Марко Вујин, кој последната сезона беше дел од Спортинг Лисабон.

Овој 36 годишен поранешен српски репрезентативец, имаше здравствени проблеми пред една година, но се врати со солиден настап во ЛШ во дресот на Спортинг Лисабон. Остануваат само формалности за да официјално биде играч на Вардар. Нашиот шампион претходно ги ангажираше Томислав Јагуриновски и Јосип Векиќ на оваа позиција, но сепак Вујин е искусен бек шутер кој треба да помогне да се пополни празнината по заминувањето на Криштопанс.

За екипата на Спортинг Лисабон изминатата сезона Вујин настапи само на седум меча и постигна 22 гола во Лигата на шампионите. Во својата кариера најголемите успеси ги има со Веспрем и Кил, а сега на потег е да го покаже својот квалитет и во Вардар.

Сега останува уште да се донесе играч на средната бековска позиција и ростерот да биде комплетиран. За оваа позиција во конкуренција се Зарабец и Јотиќ, но не е исклучена можноста и за враќање на Игор Карачиќ, доколку се создадат услови за такво нешто.

Share.

Leave A Reply