Главниот извршен директор на Интер, Џузепе Марота коментираше за тоа што се случуваше околу можниот трансфер на Кристијан Ериксен.
„Нема да криеме – знаете, веќе некое време преговаравме со Тотенхем“, изјави Марота пред денешниот натпревар против Каљари.
„Неговиот договор истекува на 30 јуни, а во моментов зборуваме само за неговите права во тие шест месеци. Ние сме оптимисти дека можеме да го затвориме договорот што е можно поскоро – особено пред да заврши преодниот рок следниот петок“ додаде Марота.
Тој исто така објасни дали тоа значи дека доколку се реализира овој трансфер, некој друг играч ќе мора да го напушти Интер. Според информациите од последните денови, Матијас Весино е пред трансфер во Евертон. „Кога се привлекува добар играч, веднаш се анализира како сето тоа ќе влијае на клубот. Ние секогаш носиме одлука која ќе биде добра и за клубот и за играчот “, заклучи Марота.