Фудбалерот кој ги освои срцата на Македонците со донација за девојка од Македонија, Марсело Брозовиќ може да биде ставен на трансфер-листа во екипата на Интер.
Во самиот финиш на сезоната за петнаесетина дена Брозовиќ направи неколку испади со кои го наруши реномето на клубот. Најнапред возеше во алкохолизирана состојба, лудуваше по милано, а потоа направил инцидент во болницата откако болничарите не го примиле да го прегледаат неговиот полесно повреден пријател.
„Газета дело спорт“ во најновото издание пишува дека Интер одбил да ги коментира сите инциденти што ги направи Брозовиќ , но дека трпението на управата е на самиот крај. Поради овие испади тој ќе се најде на трансфер-листа и ќе биде продаден.
Во моментов за услугите на Брозовиќ има претходно заинтересирани клубови, па нема да му биде тешко на Интер да го продаде. Најсериозен во намерите да го купи е екипата на Арсенал од Лондон.