Марсело е тотално депримиран

0

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера загубија на домашен терен од Вилјареал со 1 спрема 0 во тековното коло во Примера по што домашниот дефанзивец, Марсело, вели дека неговиот тим е влезен во голема криза.

„Откако сум јас во клубот, мислам дека досега не сме биле во ваква ситуација. Играме атрактивен фудбал,  правиме шанси но, ништо не ни оди. Се чувствувам како да тонеме, тажни сме и лути “ нагласил интернационалецот од Бразил.

„Кралевите“ по вчерашниот пораз на „Сантијаго Бернабе“ драстично ги намалија шансите во битката за шампионската титула.

Share.

Leave A Reply