Бразилскиот фудбалски дефанзивец во редовите на Реал Мадрид, Марсело, во изјавата по натпреварот на 36-тото коло во Ла Лига против Барселона (2:2), истакна дека не му се допаѓа системот за видео-повторување (VAR).
Играчот на „кралевите“ по дербито на „Камп Ноу“ беше запрашан околу повеќето судиски одлуки кои беа на штета на двата тима. Токму во една таква спорна ситуација Марсело беше соборен во шеснаесетникот на домаќините а судијата не покажа на белата точка.
„Понекогаш судиите прават грешки, понекогаш не. Понекогаш грешките се случуваат во ваша корист, понекогаш во корист на противниците. Тоа не е толку значајно. Системот за видео-повторување ќе го убие фудбалот и неговата харизма. Иако не ги донесувам таквите одлуки, мене лично не ми се допаѓа тој систем ” – рече Марсело.