Марсело: Не верував дека ќе дојде денот да се збогуваме, Крис !

0

Бразилскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид Марсело се збогуваше со Кристијано Роналдо, кој од следната сезона ќе игра во Јувентус.

Бразилецот напиша дека никогаш не си помислил дека ќе дојде до тоа и се заблагодари на Португалецот за прекрасните моменти кои двајцата ги поминаа во Мадрид.

„Кој ли би помислил на тоа, Крис! Дојде време да си кажеме чао. Да бидам искрен, не верував дека овој ден ќе дојде. Ништо во овој живот не трае вечно, јас се надевам дека ќе бидеш среќен во новата авантура . Поминавме речиси десет години заедно. Десет години, исполнети со среќа, добар фудбал, победи и порази, прекрасни моменти! Научив многу од тебе. Твојата посветеност е неверојатното нешто што сум го видел во спортот. Ти посакувам на тебе и на твоето прекрасно семејство се најдобро”, напиша Марсело на социјалните мрежи.

Share.

Leave A Reply