Марсиал ќе биде во составот на Манчестер за дербито со Ливерпул

0

Повредата што ја доби Ентони Марсиал за време на мечот со Барнли не е сериозна и напаѓачот ќе му биде на располагање на Оле Гунар Солскјер за големото дерби против Ливерпул во недела.

Французинот се пожали на болки во последните минути од натпреварот со Барнли и веднаш беше заменет со Туанзебе. Сепак, според „Дејли меил“, неговата состојба е добра и не се оправдани стравувањата дека ќе го пропушти мечот на „Енфилд“.

Вчера „црвените ѓаволи“ имаа слободен ден, а денес треба да продолжат со тренинзите и да започнат да се подготвуваат за пресметката на врвот во Премиер лигата. Се очекува Марсиал да биде дел од денешите тренинг активности.

Share.

Leave A Reply