Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, на вчерашната задолжителна средба со новинарите пред денешниот меч со ПСЖ во Лигата на фудбалските шампиони, објасни зошто му е полесно да игра под дирегентската палка на Оле Гунар отколку под водство на Жозе Мурињо.
Сега имаме менаџер кој практикува сосема нов систем на работа а ние се обидуваме да одговориме на неговите барања. Полесно е да играте за тренер кој има ваков стил на игра отколку да се адаптирате на стилот на Мурињо“ – вели Марсијал кој неодамна го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.
„Сега менаџерот бара да напаѓам повеќе. Тоа е всушност мојата главна задача и токму тоа ја направи разликата“ – потенцираше францускиот интернационалец.