Белгиската фудбалска асоцијација и селекторот Роберто Мартинез ќе потпишат нов договор, кој ќе биде до летото 2020 година. Шпанецот ги донесе “црвените ѓаволи” на Светското првенство во Русија со девет победи и само еден нерешен резултат.
Платата на стратегот останува еден милион евра годишно, а помошниците на Мартинез, Греам Џонс и Ричард Еванс исто така ја продолжуваат својата работа во селекцијата на Белгија.