Маса кажа што мисли

0

Фелипе Маса призна дека нема потреба да биде убедуван да продолжи да се натпреварува во Формула 1. На крајот на минатата година, Бразилецот најави крај на кариерата, но, одморот на плажите во родниот Бразил му беше многу брзо прекинат.

Причината беше ненадејна одлука на светскиот шампион, Нико Розберг, да се повлече од спортот.Тоа ги принуди шефовите на Мерцедес веднаш да му најдат заменик и на неговото место дојде Валтери Ботас од Вилијамс. Така британскиот тим ќе треба да го моли Фелипе да се врати а на Мерцедес да му плаќа зголемена плата.

„Искрено да ви признаам, чувствувам дека сум многу брз и дека нема потреба да бидам убедуван од шефовите во Вилијамс да ја продолжам кариерата. Ќе видиме што ќе се случи со мојот нов договор, но, амбициозен сум да продолжам”, заврши бразилскиот ветеран.

 

Share.

Leave A Reply