Маса си обезбеди нов тим, сега во Формула Е

0

Фелипе Маса кој своевремено настапуваше за екипите на Заубер, Ферари и Вилијамс во шампионатот во Формула 1, сега потпишал тригодишен договор со тимот Вентури кој се натпреварува во Формула Е шампионатот.

Бразилецот ќе ја започне програмата кон крајот на  годинава кога официјално ќе стартува новата сезона кај електричните автомобили. Маса, кој има 11 победи во 16. години поминати во Формула 1, веќе го тестираше електричниот болид на „Jaguar“.

Тој неодамна го посети и специјалниот настан на Формула Е во Рим. Маса ја откри намерата да премине во алтернативниот шампионат уште кога објави дека се повлекува од Формула 1 на крајот на 2017-та година.

Share.

Leave A Reply