Машина за пари ! Јуве продава по еден дрес од Роналдо на секоја минута !

0

Почна да работи „машината за пари“ на Јувентус. Италијанскиот тим продава дрес на Кристијано Роналдо секоја минута по неговото привлекувањето во Торино.

„Бело-црниот” дрес со број 7 предизвика сериозен интерес кај навивачите на тимот, дури и во некои клубски продавници се чека во редици.

Просечната цена на дресот на Јувентус со името на Роналдо е околу 100 евра, а во Торино очекуваат дека ќе продадат повеќе од милион дресови на Роналдо.

Јувентус го купи Португалецот од Реал Мадрид за 112 милиони евра, договорот беше финализиран пред два дена. Во Италија, 33-годишниот фудбалер ќе добива нето годишна плата од 30 милиони евра.

Share.

Leave A Reply