Главниот директор на фудбалската Премиер-лига, Ричард Мастерс, е оптимист дека навивачите постепено ќе бидат пуштани на стадионите во Англија иако сезоната првично ќе продолжи пред празни трибини на 17 јуни.
„Никој не знае точно кога ќе се отворат вратите за фановите иако ние и клубовите сме оптимистички расположени. Сите знаеме дека фудбалот нема да биде тоа што беше додека не ги вратиме навивачите на стадионите “ – рече Мастерс.
„Мислам дека набрзо ќе се знае до кога ќе биде периодот за трансфери. Прашање е само колку долго ќе трае“ – потенцираше директорот на Премиер лигата.