Мата и соиграчите се подгoтвуваат за дербито со „спарси“

0

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, вели дека е многу среќен бидејќи тимот влезе во победничка серија по доаѓањето на Оле Гунер Солскјер кој го замени отпуштениот Жозе Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ под диргентската палка на Норвежанецот забележаа пет победи во исто толку средби и си ја вратија самодовербата. Шпанецот се надева дека серијата ќе биде продолжена и по гостувањето кај Тотенхем.

„Имаме одлична форма и ќе се обидеме да ја задржиме подолг период. Иако го гледаме на хоризонтот новиот предизвик – гостување кај Тотенхем во Лондон, сега се насладуваме на престојот во Дубаи” – напиша Мата на неговиот профил на „Фејсбук“.

Share.

Leave A Reply