Мата не сака да оди во Кина

0

Шпанскиот фудбалски репрезентативец во дресот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата,  одбил огромна понуда од 375 илјади фунти неделна плата од тим кој настапува во кинеската Супер Лига, тврди денеска „The Sun“.

Шпанецoт во моментов заработува 170,000 фунти неделно во Манчестер Јунајтед а договорот му трае уште 12 месеци. Мата сака да остане во клубот кој може да ја активира клаузулата од неговиот договор и автоматски да го продолжат договорот за уште една година.

Фудбалерот од средниот ред на „црвените ѓаволи“ има одиграно 118 натпревари и постигнато 28 голови

Share.

Leave A Reply