Шпанскиот играч од средниот ред, Хуан Мата, се договорил со Манчестер Јунајтед и ќе остане во тимот уште една сезона.
31-годишниот Шпанец ќе потпише нов едногодишен договор со „Црвените Ѓаволи“, а платата во новата сезона ќе биде помала од сегашната.
Тековниот договор на Мата со Манчестер Јунајтед истекува на 30 јуни, а неговата плата изнесува околу 140.000 фунти неделно.
Во изминатата сезона 2018/19, Хуан Мата одигра 32 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања, а притоа постигна 6 гола и додаде 4 асистенции.