Матијашевиќ ги пофали одбојкарите

0

Селекторот на нашата машка одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ, по триумфот против Унгарија и обезбеденото учество на Европското првенство, сите заслуги им ги препиша на играчите.

„Момчињата заслужија да се радуваат. Не бевме перфектни, но, одигравме добро. Во прилог ни одеа и резултатите од другите натпревар, на крајот среќата ни се насмевна“ – изјави Матијашевиќ.

Европското првенство кон крајот на годинава ќе биде реализирано во четири земји. Тоа се: Франција, Белгија, Холандија и Словенија.

 

Share.

Leave A Reply