Маунт и Канте може да играат против „црвените“

0

Шефот на стручниот штаб на Челзи, Франк Лампард, пред неделното дерби си лидерот на Премиер лигата, Ливерпул, вели дека двајца негови првотимци може да се вратат на теренот откако ги санирале повредите.

„Има големи шанси Маунт да игра. По мечот со Валенсија работите изгледаа многу лошо, сега е подобро, ќе видиме како ќе се чувствува пред мечот“ – нагласи Лампард на средбата со новинарите.

„Што се однесува до Нголо Канте, сите знаеме колку значи за нашата екипа. Останува дилемата дали е подготвен за игра бидејќи подолг период немаше активности. Во секој случај, добро е што се врати во тренинг процес заедно со другите фудбалери“ – потенцираше Лампард.  Натпреварот меѓу Челзи и Ливерпул ќе се одигра в недела со почеток од 17:30 часот.

 

Share.

Leave A Reply