Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој постигна 32 гола оваа сезона, беше избран за најдобар фудбалер во француското првенство, како и за најдобар млад спортист во анкетата спроведена меѓу неговите колеги од прволигашките тимови.
20-годишниот Мбапе постигна два гола во претпоследниот круг од француската Лига 1 и стана првиот француски играч кој има повеќе од 30 погодоци во последните 53 години. За последен ова достигнување беше сопственост на Филип Гонде од Нант, кој нанижа 36 гола во сезоната 1965/1966.
Германката Џенифер Марожан која игра за Олимпик Лион во женското првенство очекувано ја доби наградата кај понежниот пол. Тренерот на Лил Кристоф Галтиер беше избран за најдобар тренер во Лига 1 откако неговиот тим направи импресивна сезона и ќе заврши на второ место зад ПСЖ.