Мбапе е најефикасниот „тинејџер“ во Лигата на шампионите

0

Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе го постигна осмиот гол во Лигата на Шампионите. 18-годишниот Французин го направи тоа при победата на ПСЖ со 4:0 како гостин кај Андерлехт.

Така Мбапе стана најефикасниот тинејџер (до 19 години) во Лигата на Шампионите. Тој го подобри рекордот на поранешниот спортски директор на ПСЖ Патрик Клајверт кој пред да наполни 19 години имаше седум погодоци за Ајакс во најпрестижното натпреварување во Европа.

Од овие осум постигнати голови, шест гола на Мбапе во Лигата на шампионите беа постигнати во дресот на Монако. Во текот на летото тој премина од “оваа екипа во ПСЖ со позајмица и можна опција за купување. Од почетокот на сезоната на Лигата на Шампионите тој постигна гол и против Селтик во победата на ПСЖ со 5:0 како гостин.

Share.

Leave A Reply