Мбапе е најмлад фубалер со 10 постигнати гола во ЛШ

0

Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе продолжува да го восхитува светот со своите достигнувања. Тој постигна гол при поразот со 1:3 од Баерн Минхен во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на Шампионите и така стана најмладиот фудбалер со 10 постигнати гола во ова натпреварување.

Репрезентативецот на Франција има само 18 години, 11 месеци и 15 дена во моментот кога го постигна својот 10-ти гол во ЛШ. Според овој показател тој ги надмина ѕвездите од типот на Лионел Меси, Бензема, Раул и други.

На второ место на листата останува Карим Бензема, кој дојде до 10 гола на 20 години, 10 месеци и 2 дена.

Еве како изгледа оваа листа на најмлади играчи кои постигнаеле 10 гола во ЛШ:

1.Килиан Мбапе – 18 години, 11 месеци, 15 дена
2.Карим Бензема – 20 години, 10 месеци и 2 дена
3.Хавиер Савиола – 21 година и 3 месеци
4.Лионел Меси – 21 година, 3 месеци и 7 дена
5.Раул – 21 година, 3 месеци и 24 дена
6.Вејн Руни – 22 години и 14 дена

Share.

Leave A Reply