Голгетерот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе ги пропушти натпреварите за својот тим во наредниот месец поради повредата од вчерашниот натпревар против Тулуз во Лига 1, информира везникот „Ле Паризиен“.
Според објавената информација од направените тестови утрово покажале повреда на мускулите во левиот бут, за што ќе бидат потребни 3-4 недели за да се опорави.
Така, Мбапе е исто така нема да биде во составот на Франција за претстојните две европски квалификации против Албанија (7 септември) и Андора (10 септември) и првиот натпревар на ПСЖ во групите од Лигата на шампионите.
Сепак, сè уште нема официјални информации од клубот за Абду Диало и Единсон Кавани, кои исто така се повредија на истиот натпревар одигран синоќа.