Челниците на фудбалскиот состав ПСЖ во обид да го задржат Мбапе ќе го направат да биде најплатен играч на светов.
Според последните информации на шпанскиот весник – „Ел Паис“, младиот играч ќе добие понуда да потпише нов петгодишен договор вреден 250 милиони евра. Репрезентативецот на Франција кој на минатото СП во Русија успеа да се израдува на шампионскиот пехар, беше купен од Монако за големи 160 милиони евра кои максимално ги оправда со неговите партии.
Тој во претходната сезона постигна 39 голови на 43 меча. Брзоногиот фудбалер со сегашниот договор заработува 18 милиони евра по сезона.