Мбапе не размислува за индивидуалните награди

0

Младата ѕвезда на ПСЖ и на Франција, Килијан Мбапе, има реална шанса да ја добие наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот во Русија.

Тој на средбата со Аргентина се изедначи со легендарниот Пеле според бројот на голови постигнати на еден меч во фазата на елиминации на светските шампионати. Сега, пак, сите очекуваат одличните партии да ги круниса со светска титула и наградата – „Златна топка“.

„Не размислувам за тоа. Јас само сакам да го освојам Мундијалот а  „Златната топка“ воопшто не ме интересира“ – рекол играчот на „триколорите“.

 

Share.

Leave A Reply