Од ПСЖ гарантираа дека иднината на Килијан Мбапе е поврзана со клубот и за следната сезона. Од таму велат дека особено поради 50-годишнината од неговото создавање, а целта е титула во Лигата на шампионите.
„ПСЖ и Мбапе имаат строги врски, изградени во последните две години и овие врски ќе продолжат и во текот на следната сезона. И двете страни имаме амбиција да оставиме трага на европската сцена во јубилејната сезона, означувањето на 50-годишнината од основањето на клубот“, се вели во изваестувањето од францускиот шампион.
„Имаме шанса да напишеме историја и секој голем фудбалер во нашиот состав со нетрпение сака да остави трага во оваа сезона“, дополнија од ПСЖ.