Мбапе посакува финале против Јувентус и Роналдо

0

Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе изјави дека неговиот тим се најде во тешка група во Лигата на шампионите. Парижаните ќе играат со Црвена Ѕвезда, Ливерпул и Наполи.

Тој изјави дека ќе биде среќен да се сретне во финалето од ова натпреварување против Јувентус.

„Имаме тешка група, но тоа е нормално за Лигата на Шампионите, бидејќи тоа е најсилниот турнир во Европа. Натпреварот против Наполи ќе биде тежок. Тимот на Анчелоти покажува добар фудбал со јасна филозофија и висок пресинг. Имам еден непријатен спомен поврзан со него – во 2016 година загубивме со Монако 0:5 во пријателски натпревар.

Финалето ПСЖ – Јувентус? Ќе ми биде драго. Кристијано Роналдо е голем предизвик. Тој ќе го врати италијанскиот фудбал во прв план. Во последниве години Серија А го загуби чекорот со другите лиги. Со Роналдо, луѓето повторно ќе се интересираат за оваа лига”, рече Килијан Мбапе.

Share.

Leave A Reply