Напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација Килиан Мбапе, призна дека неговата иднина нема да биде францускиот шампион.
„Се разбира, имаше некои разочарувања оваа сезона, но тоа е дел од фудбалот. Важно е што повторно сме шампиони. Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на играчите, тренерот, клубот. Ова е важно за мене, бидејќи јас се приближувам кон првата или втората пресвртница во мојата кариера.
Открив многу нови работи овде. Чувствувам дека е време да преземам поголема одговорност. Се надевам дека то аќе го направам или во ПСЖ или можеби на друго место. Ако кажам повеќе, тоа ќе биде премногу“, изјавил младиот фудбалер кој е на мета на Реал (М).