Мбапе се соочил со повреда пред завршницата на Мундијалот

0

Килијан Мбапе кој беше прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство во Русија, можел да ги пропушти завршните два меча поради повреда на грбот.

Според наведеното, младиот Французин додека се туширал направил лошо движење со телото по што се пожалил на болки во грбот. Лекарите веднаш реагирале и со посебен третман успеале да го подготват за полуфиналниот а потоа и за финалниот меч.

Мбапе кој во наредната сезона треба да биде една од ѕвездите во тимот на ПСЖ, покажа и на собирот во Русија дека игра во врвна форма.

 

Share.

Leave A Reply