Медимуте во Хрватска тврдат: Чупиќ во Загреб, Божиќ Павлетиќ во Вардар

0

Се поизвесно е дека десното крило на Вардар Иван Чупиќ, најверојатно, по пет сезони ќе го напушти Вардар и ќе се врати во Хрватска. Дел од медиумите во оваа земја ја објавија веста дека Чупиќ веќе потпишал договор на три години.

Тоа значи дека за Вардар сега приоритет ќе биде ангажман на нов играч на таа позиција, а хрватскиот веп портал „Индекс“ тврди дека тоа би можело да биде Јосип Божиќ Павлетиќ кој во моментов настапува за ППД Загреб.

Се работи за хрватски репрезентативец, кој минатата година играше на ЕП 2020 година, но во ППД Загреб немаше голема минутажа затоа што мораше да ја дели со Златко Хорват, Ненад Костески, а сега со Владо Матановиќ.

Хрватските медиуми најавија дека официјализацијата на трансферот на Иван Чупиќ ќе се случи по завршувањето на СП во Египат.Што се однесува до Божиќ Павлетиќ, тој има 26 години, настапуваше пет сезони во Нексе, пред да се пресели во Загреб во 2017 година.

Share.

Leave A Reply