Рускиот тенисер Данил Медведев е новиот шампион на Финалниот АТП Мастерс кој доцна синоќа заврши во Лондон. Русинот стигна до титулата со победа над Австриецот Доминик Тим 4:6, 7:6 (2), 6:4.
Медведев ја освои највредната титула во кариерата, деветта за него, втора оваа сезона. Русинот стана првиот играч кој го освоил трофејот на последниот турнир, победувајќи ги првите тројца носители, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Доминик Тим.
За победата на завршниот турнир оваа сезона, Данил доби 1500 АТП поени и чек на 1.564.000 долари.