Медведев: ги мразев Федерер и Барселона

0

Рускиот тенисер Данил Медведев кој влегува во генерацијата која допрва треба да се наметне во светскиот тенис, изјави дека кога бил мал го мразел Рожер федерер и барселона бидејќи секогаш победувале.

„Кога имав десет години, го мразев Федерер. Не го поднесував тоа што постојано победува. Од првото коло, навивав за неговиот противник“ – вели Медведев.

„Кога Барселона ги освои сите титули во фудбал ги очекував нејзините порази односно по секоја цена сакав да загуби. Сега сум фокусиран само на себе, другите не ме интересираат, ако испаднам во прво коло сеедно ми е кој ќе ја освои титулата“ потенцираше младиот тенисер од Русија.

Share.

Leave A Reply