Рускиот тенисер Данил Медведев е првиот полуфиналист на машкиот дел од УС Опен.Медведев во синоќешното прво полуфинале го победи својот сонародник Андреј Рублев по два и пол часа игра со 7:6 (6), 6:3, 7:6 (5).
Во моментов, петтиот тенисер на планетата е на чекор до минатогодишниот успех, кога го презеде епитетот вицешампион.
24-годишниот Русин стигна до најдобрите четири на УС Опен со пет победи без загубен сет, односно со сет количник 15:0. Негов противник во полуфиналната рунда ќе биде Австриецот Доминик Тим кој утрово во три сета го победи Австралиецот Алекс Де Минаур со 6:1, 6:2, 6:4.
Кај дамите, Викторија Азаренка се пласираше во полуфиналето со победа над Алис Мертенс од 6:1, 6:0. Поранешната прва тенисерка на светот игра одличен турнир, што го потврди и на овој дуел. Азаренка, моментално 27-та тенисерка во светот, за пласман во финалето ќе игра против одличната Серена Вилијамс, која по три сета ја елиминираше Цветана Пиронкова.